Crossover моделите со ознака на Mercedes, a кои се произведени во државата Алабама, САД, се сопрени од страна на кинеските царински органи во Шангај, поради потенцијални технички проблеми на возилата, пoтврди Daimler

Инцидентот се случува во период на интензивирање на трговската војна помеѓу Америка и Кина.

Станува збор за Mercedes-Benz GLE и GLS модели кои се произведени помеѓу 4 мај и 12 јуни, а наводно, поседуваат технички дефект на системот за сопирање, кој е „закана за безбедноста“, се заклучува во примерок од документ од кинеската царина, чија автентичност не може да се потврди, но се шири на социјални мрежи.

Во документот се наведува дека властите во Шангај, откриле „неефикасен“ систем за сопирање на тркалата на задната оска. Од Daimler велar дека компанијата е свесна за потенцијалниот проблем на конкретни примероци испратени од Кина“.

„Ние работиме со властите за да се надминне проблемот”, велат од Daimler. Производителот не е во можност да го коментира бројот на погодени возила, но веднаш по откривањето на можниот неуспех, и во моментов е ангажиран во решавањето на „чисто технички прашања“.

Кинеските власти објавија дека имаат намера да наметнат дополнителни 25% давачки за американските увезени челични и автомобилски производи.