Компанијата ќе се фокусира на хибриди базирани на бензински мотори

Корејскиот производител Hyundai очигледно ги следи светските трендови, бидејќи започнува со постепено укинување на дизел агрегатите и преминува кон хибриди базирани на бензински мотори.

Според The Investor, компанијата го прекинува производството на дизел модификации за четири свои модели – Sonata, i30, Grandeur и Maxcruz (Grand Santa Fe). Прекинот влегува во сила веднаш, иако во прво време ќе се однесува само на возилата наменети за домашниот пазар.

Во моментов, дизел верзиите на седан моделите Grandeur и Sonata претставуваат само 6% и 2% од продажбата на двата модели, што има влијание врз ефикасноста на производството. Слична е ситуацијата и со другите два модели – i30 и Maxcruz.

„Глобалната побарувачка за чисти автомобили се зголемува поради високите цени на нафтата и новите еколошки стандарди. Ова ја принудува нашата компанија да го намали производството на дизел модели. Сепак, ниту Hyundai ниту Kia немаат какви било планови за целосно откажување од дизел агрегатите“, вели преставник на компанијата.

Loading...