Во виртуелниот салон се достапни моделите од актуелната гама: Rio, Stonic, Ceed, Xceed, Proceed и Sportage

Kia Motors Macedonia, со цел да ги доближи до клиентите и да им ги презентира автомобилите каде и да се, го отвори првиот виртуелен салон за автомобили во нашата земја. 

Ваквиот тип на претставување на автомобилите доаѓа во вистинско време, велат од компанијата, заради актуелната состојба и препораките за ограничено движење. Но, тоа не е единствената причина. Голем дел од светските бредови веќе подолго време работат на ваков тип продажба. Во виртуелниот салон има можност да се погледнат голем дел од актуелната гама на модели: Rio, Stonic, Ceed, Xceed, Proceed и Sportage. Покрај тоа што може визуално да го видите секој детал на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате. 

До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Kia автомобил. Сé што треба да направите, е да ја посетите веб страната на Kia Motors Macedonia и да го одберете моделот кои ви се допаѓа.