Кој e победникот во оваа битка?

Некогаш „невозможна мисија“, трките за забрзување во сегментот на SUV модели, денес е нешто вообичаено. Се чини дека во меѓувреме, нивната примарна цел е заборавена, а тоа е да се совлада теренот кои стандардните автомобили не можат.

Сепак, CarWow организирал натпревар кој повеќе доликува на модели со зголемен клиренс. Имено, Audi Q7, VW Touareg, Toyota Land Cruiser и Land Rover Discovery се натпреваруваат во четворобој наречен влечење на јаже.

Германските модели се многу слични. Тие се потпираат на иста платформа и имаат иста 3.0-литарска V6 турбо дизел моторна единица која произведува 286 КС и 600 Nm. Како и да е, има разлика, и се рефлектира во 95 килограми поголема маса кај Q7.

Сепак, дали германските „моќници“ имаат шанса против Land Rover Discovery и дали некој од нив може воопшто да и се спротивстави на Toyota Land Cruiser? Од друга страна, треба да се има предвид дека јапонскиот ривал е опремен со послаб 4цилиндерски мотор, односно верзијата J150, позната како Prado на некои пазари, а не на моќен V8 J200.