Kia Motors Corporation и Hyundai Motor Company претставија систем за безжично полнење на електрични автомобили и целосно автоматизиран систем за паркирање (AVPS)

Системот ќе им помага на возачите за полесно паркирање и полнење на своите електрични возила.

Преку наредба за полнење на возилото преку паметен телефон, возилото автоматски самостојно ќе се одвезе до слободно место за полнење. Кога батеријата на возилото целосно ќе се наполни, возилото самостојно ќе се префрли на празен паркинг простор користејќи го системот AVPS, што ќе овозможи полнење на други возила на тој полнач. Кога возачот ќе го повика своето возило, возилото исто така автоматски ќе се одвезе до локацијата на возачот.

Целиот процес бара постојана комуникација помеѓу електричното возило, паркингот, системот за полнење и возачот. Паркиралиштето испраќа локации за празни места за паркирање и полнење, додека системот за полнење го покажува статусот на наполнетост на возилото во реално време.

Kia и Hyundai ја разгледуваат можноста за комерцијална употреба на технологијата при лансирањето на четвртата фаза на автономни возила во 2025 година.

Kia и Hyundai, исто така, имаат намера да почнат да продажба на автономни возила во некои паметни градови во 2021 година, додека пазарното лансирање на целосно автономни возила е планирано за 2030 година.