Покрај бесплатeн автомобил, најбрзите и најдобрите може да освојат и неколку десетици илјади долари

Сакате Tesla? Ако сакате, Илон Маск има има понуда која не сакате да ја испуштите.

Да, Илон Маск подарува Tesla Model 3. Бесплатниот автомобил оди во рацете на оној кој прв ќе успее да го пробие компјутерскиот систем на тој автомобил.

Натпреварот наречен Pwn2Own е осмислен за да се пронајдат грешки во интернет пребарувачите и компјутерските програми, а ова е прв пат да се вклучи и некој од автомобилската индустрија. Се одржува во рамките на конференцијата за компјутерска безбедност во Ванкувер, а покрај Tesla учествуваат и други големи компании како што се Microsoft и VMware.

Покрај автомобилот, наградите за оние кои ќе влезат во системот на Tesla ќе изнесуваат од 35 до 300 илјади долари, во зависност од начинот на пробивање или сериозноста на безбедносните грешки.

Tesla инаку има своја програма за наградување на луѓе кои ќе пронајдат грешка во нивниот систем, а во последно време „наградите“ се зголемени на неколку илјади долари.

Овој вид на парично наградување им помага на големите компании полесно да ги најдат и отстранат грешките во нивните системи и програми. Во случајот на Tesla, на пример, кинеската компанија Кин има откриено безбедносна грешка која на хакерите би им овозможила да ги активираат сопирачките на возилото преку безжично поврзување. За ова откритие, како и уште неколку други грешки во системот, запишани се во „Куќата на славните на Tesla“.

Ќе биде интересно да се види кој ќе го добие автомобилот, а ако мислите дека може да биде ваш, прочитајте ги правилата на официјалната веб-страница Zero Day Initiative.