Се потврди дека новиот модел, базиран на SP концептот, ќе биде наречен Seltos

Kia го официјализираше она што веќе извесно време се шпекулира – дека името на новиот SUV ќе биде Seltos. Имено, на интернет неодамна се појавија шпионски фотографии од предпродукциско возило со ова име на задниот дел на автомобилот, за сега корејскиот производител да објави фотографија со која се отстранети сите дилеми околу името на новиот SUV.

Во придружното соопштение од компанијата се вели дека името произлегува од старогрчката митологија, од името Целтус (синот на Хераклеј). Kia ја сменила првата буква во „S“, бидејќи уште два SUV модели на овој производител носат знаци кои започнуваат со таа буква (Sportage и Sorento).

Светската премиера на моделот Seltos се очекува до крајот на месецот. Новиот модел прво ќе биде достапен за купувачите во Јужна Кореја, a глобалната продажба треба да стартува во втората половина на годината.

Kia уште претходно објави дизајнерски цртежи на надворешниот дел и патничкиот простор на ова возило, кои покажува како ќе изгледа новиот Seltos.