Каква битка! Новото Porsche 911 vs Ferrari 488 sv Lamborghini Huracan / ВИДЕО
Може ли верзијата Turbo S успешно да се спротивстави на италијанските ѕверови?
Блогерите од YouTube каналот Carwow организираа уште една трка на забрзување, а на патеката овој пат се новиот Porsche 911 Turbo S, специјалната верзија на Ferrari 488 – Pista и „спајдерот“ Lamborghini Huracan Performante
Ferrari 488 Pista е со погон на задните тркала, но исто така е и најскапиот, најмоќниот и најлесниот од трите ривали. Под хаубата се наоѓа 3.9-литарски V8 со две турбини, развивајќи 720 КС и 770 Nm, а во комбинација е со 7-степен роботизиран менувач со две спојки. Тежината на автомобилот е 1.385 килограми, а цената во Велика Британија започнува од 250.000 фунти.
Од друга страна тука е Lamborghini Huracan Performante Spyder чиј погон е атмосферски 5.2-литарски V10 со 640 КС и 600 Nm вртежен момент. Погонот е на четири тркала, а менувачот – 7-брзински преселективен „робот“. Суперавтомобилот Lamborghini е за 12.000 фунти поевтин од Ferrari, но има 120 килограми повеќе.
Третиот учесник – Porsche 911 Turbo S, значително заостанува зад цената на своите конкуренти. Разликата од Ferrari е 100.000 фунти, а од Lamborghini – 90.000 фунти. Погонот на германскиот модел му е доверен на 6-цилиндeрски „боксер“ со зафатнина од 3,75 литри, развивајќи 650 КС и 800 Nm. Погонот е на четири тркала, а менувачот – 8-степен автоматски со две спојки. Тежината на Porsche 911 Turbo S е 1.640 килограми.
Неколку дисциплини, различни резултати…
Погледнете го приложеното видео.