Премиерата на најновиот дел од серијалот за Џејмс Бонд е закажан за април следната година, а некои детали може да се видат и сега

Несомнено, најновото продолжение под името No Time to Die ќе донесе многу адреналински возбудувања, особено за љубителите на брзината. Кадрите снимени во Италија ни го покажуваат Aston Martin DB5 во главната улога, а го „ловат“ две возила од марката Jaguar и еден мотоциклист. Исто така, накратко можеме да видиме и Caterham, но она што привлекува најголем интерес е звукот и сликата на половина век стариот Aston Martin.

 Не е важно ниту тоа што речиси е сигурно дека станува збор за милионска реплика. Продукцијата, наводно, искористила неколку трикови. Еден од нив е COca-Cola, со која тие наводно ги залиле улиците пред снимањето за да се подобри грипот на гумите, а потоа секое попладне по снимањето ги миеле.

Во едно од видеата, може да се види комплетно опремениот Aston Martin управуван од каскадер од седиште на покривот. Се верува дека автомобилот го управува поранешниот Стиг, Бен Колинс или рели возачот Марк Хигинс, додека во автомобилот се наоѓаат Даниел Крег и Леа Сејдукс.

Погледнете и самите.