Лука де Мео ја откри својата стратегија за иднината и ренесансата на групацијата Renault

Планот ќе се одвива во три фази. Првиот дел, наречен „Воскресение“, ќе има за цел да го зголеми приливот на пари и профит и ќе трае до 2023 година, додека втората фаза е наречена „Реновирање“ и ќе трае до 2025 година. Во овој период, групацијата Renault ќе го обнови своето портфолио со фокус на одредени класи на возила. Третиот дел од планот е „Револуција“, која започнува во 2025 година и ќе се фокусира на деловен модел фокусиран на технологија, енергија и мобилност.

Групата Renault ќе се реорганизира во четири единици: Renault, Alpine, Dacia-Lada i Mobilize. Во амбициозниот план се наведени и 24 новини кои ќе пристигнат на пазарот до 2025 година, со тоа што половина од најавените модели ќе бидат сместени во сегментот Ц или Д!

Dacia ќе добие ново лого и ќе работи заедно со Lada. И двата бренда ќе продолжат да нудат „достапни производи засновани на докажана технологија“. Лука де Мео објави дека и двата бренда ќе користат само една платформа, CMF-B.

Извршниот директор на компанијата ја истакнува и потребата од натамошно зајакнување на Renault во EV сферата и додава дека ова е една од најсилните точки на таа марка во моментот. Де Мео додава дека Renault и Dacia често се натпреваруваат во сегментот на мали градски автомобили и дека самиот француски производител зависи премногу од успехот на Clio и Captur, па затоа тој најавува офанзива на Renault кон сегментот Ц. 

„Ова ќе ни овозможи да продаваме поскапи и попрофитабилни возила“, вели Лука де Мео.

Но, тоа не значи дека ќе му се сврти грб на Б сегментот, напротив, целта е да се задржи лидерската позиција во оваа класа, но и да се наметне во нишите Ц и Д на пазарот. Де Мео исто така вели дека Renault во иднина ќе се фокусира на пазарот во Европа, иако нема да се откаже од пазарите каде што Renault е доволно силен како што се Латинска Америка, Русија, Индија и Јужна Кореја.

Шефот на францускиот производител посочува дека е потребно да се скрати процесот на развој на нови модели и дека тој ќе изнесува помеѓу 3 и 4 години во иднина. Покрај тоа, најавено е дека семејството на погонски агрегати во групацијата Renault ќе се намали на само четири од сегашните осум. Овие четири ќе се состојат од единици во едицијата E-Tech, односно разни хибриди, EV конфигурации и еден погон што користи горивни ќелии. Дизелот останува во понуда, но со комерцијалните возила.

Де Мео исто така ја истакнува потребата од максимално искористување на платформите во рамките на групата. До 2025 година, дури 80% од возилата од целата група ќе бидат инсталирани на една од трите достапни архитектури.

Извршниот директор на Renault најави и нов бран за матичната марка. Ќе се фокусира на електрификација, потенцирајќи 14 нови модели на Renault до 2025 година, од кои половина ќе бидат електрични автомобили. Покрај тоа, тој верува дека 65% од автомобилите продадени од оваа марка ќе бидат електрифицирани возила до 2025 година.

Италијанскиот менаџер исто така обелодени нови информации во врска со иднината на нискобуџетните адути на Dacia иLada, кои ќе соработуваат многу поблиску во иднина. Така Dacia наскоро ќе добие ново лого, а нов SUV од оваа марка ќе пристигне до крајот на годината. Од друга страна, најавена е долгоочекуваната нова генерација на познатата Lada Niva.

Alpine станува целосно електрична марка. Целта е Alpine e „да се пресели од носталгија во авангарда“, како што veli Лука де Мео. Најавени се три нови електрични спортски автомобили, вклучително и нова итерација на А110 која ќе се развива заедно со Lotus.

Конечно, извршниот директор дава информации и за единицата Mobilize. Станува збор за нова организациска единица која ќе се фокусира на електрични автомобили и други напредни технологии. Така, гамата ќе се состои од четири модели, од кои во моментов е позната само Dacia Spring. Renault има и наследник или замена за Renault Twizy, а најавена е и лимузина за 2023 година, како и мало електрично комерцијално возило.

Очигледно следуваат големи промени во групацијата Renault.