
Како на Американците им е претставено првото електрично Audi
Иако моментално најпопуларниот електричен бренд доаѓа од Америка, возачите таму сеуште се доста ограничени со бројни предрасуди за електричните автомобили. Новитетот на Audi ги уништува сите нив уште во корен
Во Audi повторно направиle одличен маркетинг потег и за американскиот пазар направиле многу оригинално промотивно видео. За нешто повеќе од една минута, Audi на практични примери ги разоткрива митовите за „најголемите мани“ на електричните автомобили и истовремено го промовира својот нов e-tron.
Кампањата „Не е за тебе“ (Not for You) се пресметува со потенцијалните мани, како што е автономијата на електричните автомобили, особено во зима и студеното време, но исто така и со теми како што е бројот на полначници, забрзувањето односно возачкото чувство.
Како сето тоа изгледа, погледнете во приложеното промотовно видео на Audi.
https://youtu.be/5lloWmgHj6Y