„Соголената“ верзија на новиот голф во Германија чини 19,995 евра

На конфигураторот достапен на веб-страницата на германскиот производител може да се види како изгледа и што се од опрема поседува најевтината опција на бестселерот на Volkswagen.

Овој основен Golf се нуди во Urano Grey темно сива нијанса на надворешноста, а ентериерот е црн. Ако се прашувате зошто не е достапен во бела боја на надворешноста, одговорот е дека секоја друга нијанса, дури и обична бела боја, се наплатува дополнително.

Основниот Golf 8 е поставена на челични фелни од 15 инчи, покриени со украсни раткапни со едноставен дизајн.

Сепак, поглед внатре открива дека дури и оваа соголена верзија не е лоша кога станува збор за опременоста. Основниот пакет вклучува дигитална инструмент табла, мултимедијален систем со сосем солиден екран кога станува збор за големината, како и автоматско климатизација.

Покрај тоа, на клиентите им е овозможено безконтакно отклучување на возилото како и стартување на моторот, LED фарови и некои современи системи за асистенција, како на пример предупредување за напуштање на лентата на движење на автомобилот.

Најевтиниот Golf 8 под капакот на моторот носи 1.0 турбо бензинец од 90 КС спарен со 5-брзински мануелен менувач.