Како било некогаш: Formula 1 во Монако во 1962 година / ВИДЕО
Formula 1 трките сега привлекуваат голем број фанови, но за многумина овие трки пред 56 години биле многу поинтересни и повозбудливи
Како Formula 1 изгледала во почетокот на 1960-тите, најдобро се гледа на висококвалитетниот филм направен пред 70 години со филмска камера од 70 mm.
Снимката е дел од германскиот документарен филм од 1962 година, а кадрите од патеката во Монте Карло за време на тркачкиот викенд во почетокот на јуни, се снимани од автомобил во движење, покрај патеката и од хеликоптер.
Гран-при трката во Монако се одржала на 3 јуни 1962 година, а победник е Брус Мекларен Cooper-Climax болид, пред две Ferrari возила управувани од Фил Хил и Лоренцо Бандини.
И додека во Formula 1 денес постојат строги ограничувања во однос на погонските агрегати (1.6-литарски V6 агрегати), тие не биле толку строги пред 50 години. Иако волуменот бил ограничен на 1.5-литри, тимовите користеле различни погонски единици, од 4-цилиндерски, V6 и V8 мотори, па се до 8-цилиндерски боксер единици во автомобилите Porsche и De Tomaso.
Гледањето на снимката е обврзително!