Во Jaguar сакаат да ги минимизираат маките на дел од своите клиенти

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената. Токму затоа, експертите советуваат чести паузи за време на долги патувања за да избегнат воспаленија и повреди како резултат на лошо седење односно неудобно седуште.

Дизајнерите на Jaguar Land Rover дизајнирале нов вид автомобилско седиште. Иновативниот производ стимулира движења на мускулите при седење исто како при одење.

Седиштето во моментот се тестира во одделот за производство на ентериерот на возилата. Во текот на возењето седиштето се движи за да создаде вибрации кои симулираат одење. Со ова се намалува здравствениот ризик од седење долго време зад воланот. Седиштето се прилагодува кон анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата (околу 1,4 милијарди) поминуваат премногу време во седечка положба. Ова предизвикува сериозно оштетување на мускулите на нозете, деформитет на колковите и ‘рбетот. Професионалните возачи се особено изложени на ризик затоа што работниот ден го поминуваат зад воланот во подолг временски период.

Иновативната технологија е дел од проектот „Destination Zero“, со кој Jaguar Land Rover има за цел да го подобри здравјето на своите клиенти. Истражувањето е насочено кон изнаоѓање решенија што ќе ја подобрат културата на транспортот преку елиминирање на штетни гасови, несреќи и метеж во сообраќајот. Експертите од компанијата претходно работеле на елиминирање на проблемот со гадење при возење. Користењето на ултравиолетова светлина спречувале ширење на вирус и настинка.

„Здравјето на нашите клиенти и вработени е во фокусот на истражувачките проекти на Jaguar Land Rover. Ние ги користиме сите расположиви знаења за да создадеме идеално седиште, што ќе спречи ревматски заболувања кај клиентите. Ние користиме иновативна технологија која сеуште не е применета во автомобилската индустрија. Со тоа сакаме да спречиме здравствени проблеми кои погодуваат огромен процент од светската популација“, објаснува Стив Илеј, раководител на одделот за здравствена технологија.