Трите најпопуларни автомобилски бренда минатата година биле Toyota, Volkswagen и Ford. Меѓу првите десет се по три јапонски и германски марки, како и по две американски и корејски марки

Во првите недели од 2020 година, автомобилската индустрија ги сумира резултатите од минатата година, па така се појавија и првите листи на најпродаваните брендови и модели. Во овој случај класификацијата на е на специјализираната интернет страница focus2move.com.

И додека Volkswagen, како групација, најверојатно ќе заврши на првата позиција на глобално ниво по бројот на продадени автомобили, вклучително и комерцијални и лесни комерцијални возила, дотогаш, ако се разгледуваат само марките на автомобили, Toyota има убедлива прва позиција со испорачани 8.683.049 единици. Втор е Volkswagen (како бренд) со 6.436.548 возила, а на третото место е Ford со продадени 4.735.575.

Убедливо најпопуларен модел минатата година била Toyota Corolla, од која се продадени 1.236.380 единици.

На второ место е популарниот американски камионен Ford F-Series, кој во 2019 година привлекол 1.070.234 клиенти, додека на третото место е уште еден модел на Toyota – SUV моделот RAV4 со продадени 931.852 возила. И во овој случај податоците на специјализираната страница focus2move.com.

Интересно е да се напомене дека меѓу десетте најпродавани автомобили минатата година има дури 5 јапонски модели.