Jaguar Land Rover веќе извесно време спроведува истражување на напредни композитни материјали за електрични возила, со цел развој на конструкции и погонски единици без употреба на алуминиум и челик

Тие ќе бидат заменети со лесни композитни материјали кои се доволно силни да ги издржат зголемените бројки на вртежниот момент генериран од склоповите на електричен погон.

Доколку резултатите се покажат како успешни, во иднина може да се очекуваат поефикасни и полесни електрични автомобили на пазарот, кои покрај зголемениот опсег, ќе нудат и подинамично возачко искуство. Како дел од проектот, Jaguar Land Rover планира и неколку прототипови кои би биле околу 35 килограми полесни од просечните EV и би имале напредна структура за заштита од судир опремена со лесни материјали како што се јаглеродни влакна. Доколку проектот се одвива според планот, прототипите би можеле да се појават до крајот на 2022 година, а британскиот производител би достигнал водечка позиција во технологијата со ниска содржина на јаглерод.