Тестните и прототип возила на Škoda сега се произведуваат под еден покрив во Центарот за технички развој 

Клучно за тест и прототип автомобилите на идните модели е да се чуваат во тајност што е можно подолго или засекогаш. Но, тие треба да бидат произведени некаде. Секторот за производство на прототип возила сега може да користат целосно нов центар за технички развој во Млада Болеслав. Видеото во прилог дава ретка можност да „фрлите“ поглед во внатрешноста на погонот.

https://youtu.be/uAi3wXceA3I

Новата трикатница е еден вид фабрика за автомобили во рамките на фабриката за автомобили. Магацинот за делови, лимарија, делот за фарбање и последната линија за склопување возила се наоѓаат под ист покрив. Лимарскиот дел е дури проширен така да вклучува центар за иновации кој тестира нови техники за конечно склопување на возилата. Центарот исто така е опремен и со цилиндри за испитување на кочењето кои ротираат со брзина до 300 km/h.

„Високиот степен на автоматизација овозможува поагилни процеси и значително го зголемува капацитетот за производство на тест автомобили и прототипови. Новата зграда е опремена со машина за виртуелна реалност. Зградата, која има 13 простории за состаноци, вработува 168 луѓе, а производството на автомобили е концентрирано на површина од 14.000 квадратни метри“, вели Дејвид Ванек, раководител на производството на прототипови и модели.

Ова ја намалува потребата за преместување на прототиповите или делови од нив од едно на друго место, што заштедува време и пари (приближно, околу 1.800 литри гориво поминуваат низ новиот центар годишно, што е еквивалентно на 5 тони СО2), но е исто така, веројатноста дека автомобилот ќе го види некој кој не е овластен или што е уште поважно, некој да го фотографира е многу мала. Годишното производство на центарот е до 300 тест автомобили и 120 прототипови годишно, благодарение на употребата на најсовремени технологии како што се специјални роботи, 3Д скенирање, виртуелна реалност и ласерска комора.

Погледнете го видеото за да се потсетите како се прават прототипови: