Една студија во Велика Британија покажува дека сопствениците на Volkswagen се чести прекршители

SUV возачите најчесто ги игнорираат ознаките на паркинзите, па често ги паркираат возилата преку означената линија и возат во погрешна насока.

Истражувањето спроведено од страна на едно друштво за осигурување, открива дека на возачите на SUV возила се однесува една третина од сите прекршоци на паркинзи, вклучувајќи паркинг на места резервирани за лица со хендикеп.

Во истражувањето биле вклучени 2.500 возила на британските паркиралишта, а и покрај тоа што се покажало дека „џиповите“ се најгрешни, во вратот им дишат градските модели како Ford Fiesta и Opel Corsa, со 18 отсто неправилни паркирања.

Што се однесува до автомобилските брендови, сопствениците на Volkswagen се „најарогантни“ и на се однесува 10 отсто од прекршоците. Веднаш зад Volkswagen се сопствениците на Opel и Ford, со осум проценти учество во прекршоците.

Се разбира, најчестата „грешка“ е паркирањето на линија – шест проценти од вкупниот број возила.

Сепак, компанијата признава дека не секогаш е грешка на возачот, бидејќи анализите покажуваат дека додека бројот на автомобили постојано расте, бројот на места за паркирање останува ист. Според друштвото за осигурување, просечен автомобил, паркиран идеално, на возачот му остава само 23 сантиметри да се „извлече“ од своето возило.