Германскиот Porsche претстави спортска верзија на редизајнираниот Macan без дизел мотори во понудата

Macan S доаѓа со 3.0-литарски V6 турбобензинец со 354 КС и 480 Nm. До 100 km/h од место забрзува за 5,1 секунди, додека максималната брзина е 254 km/h.

Најмалиот и најевтиниот SUV на Porsche е изграден на истата платформа како и Audi Q5, од кој е подолг и поширок, но со понизок клиренс.

Иако Porsche никогаш не бил многу наклонет кон дизелот, сите три главни модели Macan, Cayenne и Panamera традиционално имаа ваков вид на погон.

Сепак, поради новите построги прописи за заштита на животната средина, Porsche прво го исфрли 3.0-литарскиот V6 од претходните верзии на Cayenne и Macan.

Откако дизелот не е присутен во понудата и на редизајнираната верзија на Macan, а сега во Macan S, можеме слободно да почнеме да се навикнуваме на Porsche без дизел.