Интересен патент од Ford
Технологија која овозможува управување со автономен автомобил преку телефон
Достигнувањето на ниво 5 на автономно возење на патиштата ќе донесе возила во кои не само што возачкото место ќе биде празно туку и нема да ги има вообичаениот управувач и педалите за гас и сопирање. Колку и да звучи неверојатно, првите примероци ќе се појават веќе следната година.
Во овој момент, идејата на конструкторите е сите лица кои што се наоѓаат во така опремено возило да бидат само патници и ништо повеќе од тоа. Ниту една витална контрола над возилото, не треба да се најде во доменот на одговорност на човекот.
Во последните денови од септември, Ford од Американскиот завод за заштита на интелектуална сопственост (United States Patent and Trademark Office – USPTO) добил потврда за завршување на постапката за патентирање на технологија која на човекот сепак ќе му овозможи да ја задржи способноста за влијание на поедини контроли на возилото и покрај тоа што би било опремено со технологија за автономно ниво 5 на возење.
Развојното име на оваа технологија гласи „неавтономен управувачки режим“, а на возачот треба да му овозможи да влијае на управувачката функција на возилото.
Станува збор за два начини на кои може да се влијае на управувањето со возилото. Првиот се остварува со користење на паметен телефон или друг уред поврзан на интернет. Овој вид на управување не се разликува од она што е веќе видено во бројни видео игри.
Вториот начин подразбира користење на виртуелен волан кој се појавува во мобилните апликации и овозможува корисникот да управува со возилото со движење на прстите преку екранот.
Основната идеја на технологијата, секако, не е пренасочување на контролата над самовозечкиот автомобил кон човекот, со оглед на тоа дека во доменот на компјутерскиот систем на возилото, финалната одлука дали ќе ги прифати инструкциите од човекот сепак останува на системот, имајќи ги во предвид сообраќајната ситуација и безбедноста.
Како создавач на ова технолошки решение, е впишан инженер кој веќе соработувал со Ford по име Стивен Р. Ел Ејл.