Една од најголемите ѕвезди на актуелниот Салон за автомобили во Париз е новата генерација на BMW Серија 3

Откако јавноста максимално го „изгустира“ дизајнот и техничките детали на новата „тројка“, сега доаѓаат и првите информации за цената.

Седмата генерација на Серија 3, модел кој кој во номенклатурата на BMW носи ознака G20, во продажба влегува од 19 март 2019 година.

Во тој момент најслабата верзија која ќе биде можно да се купи ќе биде дизелот 318d со 150 КС, чија почетна цена ќе биде 37.850 евра.

Баварскиот гигант веројатно многу брзо ќе ги понуди и другите верзии, а шпекулациите велат дека најевтиниот безинец 318i со 150 КС ќе чини околу 34.000 евра.

Освен 318i, бензинската понуда во Европа ќе ја дополнат и 320i со 184 КС и 330i со 258 КС, а освен 318d кај 4-цилиндерските дизели тука е и 320d со 190 КС.

Во прво време, единствениот реден 6-цилиндерски мотор ќе биде 330d со 265 КС (195 kW). Ова е воедно и единствената верзија на новата BMW-серија 3, која на почетокот ќе биде достапна со погон на сите четири тркала. Подоцна, BMW ќе ja прошири понудата со потентниот M340i со 6-цилиндерски 3.0 турбо бензински мотор со 387 КС и 500 Nm.

Во плановите на Баварците е и 330е plug-in хибрид кој на пазарот треба да се појави до крајот на 2019 година.