Првиот човек на Tesla на Twitter објави дополнителни информации во врска со контроверзниот модел Cybertruck

Кога конечно ќе пристигне сериската верзија на електричниот камионет, ќе имаме можност да видиме модел кој е целосно уникатен на пазарот, макар станува збор само за изгледот.

Необичниот дизајн секако го одвојува Cybertruck, но далеку од тоа дека тоа ќе биде единствениот адут на Tesla. Иако Cybertruck до сега сè уште не е промовиран како некое возило со огромен потенцијал за теренска употреба, американскиот бренд се чини дека има намера својот модел да го направи поливалентен колку што е можно повеќе.

Малку необична изјава, особено ако се земе предвид дека повеќето возила, кога влегуваат во вода каде немаат контакт со цврсто тло, извесно време лебдат на водената површина.

На што мислел точно Илон Маск, останува да се види. Но, факт е дека оваа изјава доаѓа по минатонеделните информации дека Cybertruck ќе има воздушна суспензија. Маск вели дека со ваква суспензија нивниот камионет би бил одличен на познатата рели трка Baja 1000.

Јасно е дека Tesla работи на тоа Cybertruck да добие што повеќе теренски способности со цел да биде попривлечен за дел од клиентите во овој сегмент на кои таквите карактеристики им се на високо место на листата на приоритети при избор на нов модел.