Илон Маск повеќе го почитува Едисон од Тесла
Основачот на Tesla признава дека Томас Едисон има големо влијание во неговиот живот …
Илон Маск се смета за еден од најбогатите луѓе во светот, но исто така и за еден од најголемите иноватори кои донесоа неверојатна револуција во автомобилската индустрија, а креатор е и на вселенски летала кои поевтино и побрзо одат во вселената. Токму поради овие работи, Маск стана еден од омилените и најпопуларни луѓе во светот, но поради една негова изјава, се чини дека може да ја загуби довербата кај многу луѓе.
Запрашан, кој човек му пример во животот и дали повеќе го цени Едисон или Тесла, Маск вели: „Тесла бил научник кој дефинитивно не ги добил сите признанија кои би требало да ги добие, затоа што тој навистина го промени светот. Нашата компанија е наречена Tesla, бидејќи нашите автомобили го користат моторот на Тесла кој тој го измислил и усовршил. Но, кога зборуваме за луѓе кои можеби ги сметам на некој начин за идоли, тогаш Едисон за мене е поголем, бидејќи тој успеал струјата и технологијата да ги презентира на широката јавност и бил многу подобар во маркетинг смисол, за разлика од Тесла“.
Маск понатаму објаснува дека науката не може да им помогне на луѓето, ако не знае како да се промовира и на луѓето да се престави на вистински начин, а според Маск, Едисон бил гениј на тоа поле.
Многу фанови останале разочарани кога го чуле тоа, бидејќи е познато дека Едисон бил човек кој сакал само пари и слава, и кој бил подготвен да направи се само да биде подобар од Тесла, па дури вршел и експерименти на луѓе и убивал животни за да докаже дека пронајдоците на Тесла не се добри.
Многумина, исто така, сметаат дека Маск не требал да ја крсти својата компанија по името на Тесла, ако во стварноста го фаворизира Едисон, бидејќи овие двајца научници биле најголеми ривали во историјата.
Погледнете го видеото!