Илон Маск: Model 3 со два мотори e супериорен во однос на BMW M3
Директорот на Tesla, Илон Маск, ги објави првите детали за Model 3 со два електричнии мотори, кој како што беше најавено, ќе почне да се произведува во јули
Tesla Model 3 со два електрични мотори и 4WD погон ќе се произведува во две верзии – едната ќе биде оптимизиран за највисока можна автономија, а другата за подобри перформанси на патот.
Првиот Model 3 Dual (D) назад ќе има агрегат од 258 КС, идентичен со оној кој се наоѓа во постоечката верзија со погон на задни тркала. Другиот мотор ќе ја придвижува предната оска, а за сега не е позната неговата моќност, ниту пак вкупната комбинирана моќност на системот.
Сепак, Маск открива дека оваа, регуларна варијанта од 0-60 mph (0-96 km/h) ќе забрзува за 4,5 секунди, што е 1,1 секунди подобро време од Model 3 со погон на задните тркала. Максималната брзина ќе биде 225 km/h, што е 15 km/h побрзо отколку кај верзијата со еден мотор.
Максимална автономија на оваа варијанта во возење е слична како кај основниот Model 3 или околу 500 километри.
Што се однесува до другата варијанта на Model 3 со два електрични мотори, таа ќе биде понапредна. Од 0-60 mph (0-96 km/h) ќе забрзува за 3,5 секунди, а предвидената максимална брзина на возилото е 250 km/h.
Детали за моќноста на овој Model 3 не се обелоденети, но Маск вели дека – со сите дополнителни опции, но без автопилот – цената ќе биде околу 78.000 американски долари (почетната цена на верзијата со еден мотор изнесува 35.000 американски долари).
Илон Маск на Twitter најскапиот Model 3 го споредува со BMW M3 тврдејќи дека автомобилот на е 15% побрз и полесен за управување од германскиот ривал.
Тој оди чекор понатаму, велејќи дека иднииот Model 3 со два мотори, нема вистински конкурент на тркачка патека во својата класа.
Нарачките за Model 3 со два мотори започнуваат наскоро, а најевтината верзија ќе чини 5000 долари повеќе од регучарната верзија со еден мотор.