Непознати глодари „подготвиле“ специјално изненадување за државјанин на државата Мичиген

Чудно или не, но многу возачи никогаш не стигнле до тоа да ја подигнат хаубата од својот автомобил, оставајќи го тоа на мајсторите во сервисите. Ако сте еден од тие, добро е да ја промените таквата навика, ако ништо друго, за да ја избегнете судбината на Келер Милер, жител на градот Гејлер во американската држава Мичиген.

Патувајќи на работа, Милер чул чудни звуци од клима уредот на својот автомобил кој бил купен еден месец претходно. Нормално, се одвезол до локалниот сервис, каде мајсторите останале со подотврена уста неверувајќи што гледаат. Под капакот на моторот имало складирано над 25 килограми борови шишарки и ореви. Тие очигледно се складирани од страна на локални верверички, кои „оцениле“ дека автомобилот е посигурно скривалиште од дупките на дрвјата.

Очигледно верверичките овие плодови ги складирале преку ноќ Или можеби, како што се пошегувал локалниот ТВ-канал Fox 8, „се преселиле во нов дом, но немале пари да платар за пренос на товар“.

Градската противпожарна служба издала предупредување до жителите да бидат внимателни во други такви случаи, бидејќи сувите шишарки во непосредна близина на моторот претставуваат сериозен ризик од пожар.