Кинескиот Xiaomi зазема се поголем удел на глобалниот пазар, особено на пазарите во Азија и Европа, а smartphone моделот Redmi 5А е најпродаваниот Android телефон во месец март

Во пресрет на скорото излегување на берзата во кинескиот Xiaomi може да бидат исклучително задоволни со моменталната позиција на мобилниот пазар – глобално, најмногу во Азија и Европа, нивниот удел се зголемува и стануваат големена опасност за големите и многу попознати компании. А рецептот за успех е добро познат – добар хардвер по прифатлива цена.

Телефонските уреди на компанијата се особено популарни во Кина, но и на други пазари, пред се затоа што за цена на уред од средна или ниска категорија на познат мобилен производител, може да се купи уред од оваа компанија со многу подобри опции.

Во своите извештаи за продажбата на паметни телефони во првиот квартал од оваа година, аналитичка компанија Counterpoint Research и Canalys го нагласува огромниот успех на Xiaomi, а според нивните податоци Redmi 5А е најпродаван Android телефон во светот за месец март и трет најпродаван паметен телефон во светот, по iPhone X и iPhone 8 Plus.

Плановите на кинеската компанија од неодамна во голема мера се фокусирани на Европа. Во Шпанија, на пример, компанијата е присутна уште од крајот на минатата година, во моментов е трета по големина мобилна компанија во оваа земја, а со отворање специјализирани продавници не само во Шпанија туку низ цела Европа позициите веројатно само ќе јакнат.

Што се однесува до самиот модел, Redmi 5А, овој телефон доаѓа со екран со дијагонала од 5 инчи и резолуција од 720×1280 пиксели, процесор Snapdragon 845, 3GB RAM и резолуција на камера од 13MP.