Нема вистинско задоволство во возењето без соодветна музика

За ова се свесни и производителите на автомобили, па дел од најдобрите пакети на опрема вклучуваат и премиум аудио системи.

Секој од нас има омилена музичка насока и, се разбира, омилени песни, но според некои анкети, не сите се препорачуваат за возење, од безбедносни причини.

Истражувањата покажуваат дека одредени песни „го тераат“ возачот на опасно возење, особено оние со повеќе од 120 битови по минута (BPM). Тие имаат негативно влијание и предизвикуваат побрзо возење и поголем број на сообраќајни прекршоци.

„Ако почувствувате дека сте деконцентрирани од песна на радиото или вашата музичка плеј листа, можеби е време да ја промените“, вели Тим Шварц, маркетинг директор на Moneybare, британска компанија за кредити и лизинг за автомобили.

Moneybarn анализирал 96 од најпопуларните песни на дигиталниот музички сервис Spotify и направил рангирање на петте најопасни и најбезбедни песни за возење.

Интересно е што помалку од 30% од песните од оваа листа се означени како „безбедни“ за возење. Moneybarn, исто така, открива дека не само темпото и енергијата на песната се „опасни“ кога се вози, туку и дека голема бука влијае на реакцијата и отчукувањата на срцето.

„Навистина е интересно да се види како нешто така невино како изборот на музика за пат може да претставува закана за вашата безбедност“, заклучува Шварц.

5 најопасни песни за возење:

  1. American Idiot – Green Day
  2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus
  3. Mr. Brightside – The Killers
  4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers
  5. Born to Run – Bruce Springsteen

5 безбедни песни за возење:

      1. Stairway to Heaven – Led Zeppelin
      2. Under the Bridge – Red Hot Chili Peppers
      3. God’s Plan – Drake
      4. Africa – Toto
      5. Location – Khalid
Loading...