И Renault заедно со Dacia ќе ја ограничи брзината на своите модели!
Ова внатрешно наметнато ограничување ќе биде уште построго со Mégane E!
На годишното собрание на акционери, извршниот директор на групацијата Renault, Лука де Мео, презентирал информации кои велат дека компанијата се приближува кон имплементација на новата корпоративна политика од социјален и еколошки аспект, која е формулирана преку стратегијата на деловната група. Конкретно, тој зборувал за прашањето за безбедноста при возење на автомобилите на Renault, и во тој дух ја дал и големата најава:
„Ние ќе ја ограничиме брзината на нашите нови возила и таа нема да надминува 180 km/h, без оглед на тоа за кој Renault модел и да станува збор“!.
Ова внатрешно наметнато ограничување ќе биде уште построго со Mégane E! Идниот електричен компакт од Франција, кој треба да се појави не порано од следната година, нема да може да се вози побрзо од 160 km/h, што секако и не е изненадување во сегментот на електрични возила, со цел се зачување на автономијата.
Добро упатените знаат дека Renault не е првиот производител со ваква одлука Шведскиот Volvo излезе со слична најава уште порано, а започна да ја спроведува во 2020 година и веќе важи за целиот асортиман на скандинавската марка. Од производителот тврдат дека оваа одлука не го загрозило нивниот обем на продажба, па затоа е тешко да се замисли дека и Renault може да забележи какви било негативни ефекти по продажбата во овој поглед.
Специфичното соопштение ги опфаќа и моделите на Dacia, иако тешко дека романската марка има модели во гамата кои би можеле да бидат осакатени со вештачко ограничување на брзината на нивните возила. Од друга страна ова нема да важи за моделите на брендот Alpine!