Белоруските медиуми јавуваат дека тамошната влада издала листа на производи чиј увоз е забранет, се „со цел да се заштитат националните интереси и непријателските активности против народот на Белорусија“

Одлуката е објавена во Резолуцијата на Советот на министри, која датира 23 април. Споменатиот документ е практично олицетворение на декретот на претседателот на Белорусија од пред неколку недели, кој дава основа за забрана за увоз на територијата на таа земја на група производи утврдени според земјата на потекло и државите (унии на истите) кои одлучиле да воведат посебни мерки против Белорусија.

На списокот на компании чии производи не се дозволени за продажба во границите на оваа држава се наоѓаат и Škoda Auto, како и Liqui Moly. Доколку белоруските власти утврдат дека е увезена забранета стока, тие ќе бидат предмет на реекспорт, додека лицата за кои е утврдена одговорност понатаму ќе бидат процесуирани во согласност со законот.

Резолуцијата не се однесува на стоки што ги увезуваат граѓаните на Белорусија за лични потреби, ниту пак на возилата што редовно се регистрираат во други земји на Евроазиската унија (ЕАУ), на кои им припаѓа и самата Белорусија. Исто така, овој правен акт не се однесува на привремено увезени автомобили на територијата на ЕАУ.

Веќе увезената, сега забранета стока, ќе биде потребно да се пријави во даночната управаПо регистрацијата во архивите на даночните власти, таа ќе биде достапна за понатамошна комерцијална експлоатација или продажба.

Од белоруската филијала на Škoda проследија соопштение со следнава содржина: 

„Немаме идеја за што зборувате, до нас нема дојдено ништо слично”. Пристигнуваат шлеперите со автомобили, а ние си работиме. Ние сме во завршна фаза на хомологација на Rapid која ќе стапи на сила во јуни, па се надеваме дека ќе започнеме со продажба ова лето. Сега одлучуваме што да правиме со увезениот Rapid според старата хомологација“, пишува auto.onliner.by.

Тука треба да се напомене дека во Белорусија во моментов се нудат пет модели на Škoda. Тоа се: споменатиот Rapid (чија понуда привремено е суспендирана поради проблеми со хомологацијата), Kodiaq, Karoq, Octavia i Superb. Сите модели на чешкиот производител ја носат ознаката „Made in Russia“, со исклучок на непопуларниот Superb од кој во првото тромесечие се продадени само шест единици на целата територија на Белорусија. 

Утврдената листа на забранети производи ќе се преиспитува за половина година.