Нa специјален ивент во Енстоун, Renault го претстави својот нов болид R.S.19

Во исто време официјално е претставено и „новото“ име на тимот од кое е исфрлен зборот Sport и сега се нарекуваат Renault F1 Team.

На презентацијата присуствуваа и возачите Нико Хулкенберг и Даниел Риккардо, првите луѓе на тимот и сите работници во фабриката во Енстоун.

„На ова работевме во последните три години и тоа е нешто на што сме особено горди. Кога влегувате во фабриката, ја чувствувате таа енергија и позитивност“, вели Сирил Абитебоул, шефот на Renault F1 Team..

„Инвестиравме многу во модернизацијата на фабриката, а со тие алатки ќе продолжиме да растеме посилно и побрзо. Инвестиравме во фабриката во Енстоун, а оваа година истото ќе го направиме и во Вири. Овде ќе направиме посебни унапредувања за погонската единица да ја доведеме на уште повисоко ниво“, додава Абитебоул.

„Овој болид е плод на добра организација и планирање и ние сме многу горди на тоа. Ние сме подготвени да направиме чекор напред“, заклучи на крајот Абитебоул.

Даниел Рикардо вели дека е со нетрпение го очекува почетокот на новата сезона и посакува новиот R.S.19 да биде најбрз на гридот во новата сезона.

Минатата година Рикардо го изненади F1 светот, кога одлучи да го напушти Red Bull и да замине во Renault. Со Red Bull, тој постигна седум победи, 29 подиуми и три пол-позиции.

„Секогаш сум возбуден кога го чекам почетокот на сезоната и возењето на нов болид. Оваа 2019 година е ново искуство за мене, нов тим и сосема нов автомобил. Ќе имам многу да научам, од разбирање на воланот, запознавање на механиката и подобро запознавање со инженерите. А најмногу би сакал новиот R.S.19 да биде најбрз на гридот, но тоа наскоро ќе видиме. Тимот е мотивиран да продолжи да напредува“, возбудено изјави Рикардо.