Во Mercedes дефинитивно се „крчкаат“ големи промени

Шефот на овој бренд, Ола Каленијус, неодамна потврди дека сите модели под покровителство на „трикраката ѕвезда“ ќе имаат електрично издание до 2025 година. Ова исто така значи дека и под-брендовите како AMG и Maybach ќе мора да го следат овој пат.

За Maybach ова не треба да биде голем предизвик. Клиентите (претежно од Кина) и онака постојано бараат попространи автомобили, што се чини полесно со примената на EV технологијата отколку што беше случај со возилата со мотор со внатрешно согорување.

Првиот целосно електричен автомобил на Maybach треба да биде SUV под името EQS. Уште повеќе, од Maybach не се очекува да понуди ништо друго освен електричен пандан на S-класата и GLS. Така, тие ќе останат резервирани за мала количина на исклучително богати клиенти.

Некои германски медиуми најавуваат дека Mercedes-Maybach EQS SUV моделот ќе пристигне на пазарот во 2024 година, но концептната варијанта може да ја видиме многу порано, па дури и на Салонот во Минхен овој септември.

Ова не е прв пат да се спомене дека Mercedes ќе има неколку електрични премиери на Салонот за автомобили во Минхен. Неодамна се појавија гласини дека во главниот град на Баварија ќе биде претставена и електрична варијанта на G-класата.

Септември не е далеку…