Интересно, досега сите четири члена на семејството Ceed се добитници на Red Dot награда за дизајн

Со новата награда за XCeed, бројот на Red Dot награди за корејската компанија се искачи на 25, почнувајќи од 2009 година кога за прв пат го добија ова признание.

Минатата година истата награда им припадна на новите Ceed, Ceed Sportswagon и ProCeed.

„Kia веќе подолго време работи на подобрување на квалитетот на своите возила и се повеќе го подобрува корисничкото искуство. Кросоверот XCeed ја претставува таа наша нова визија”, вели Карим Хабиб, шеф на Центарот за дизајн на Kia.

Воедно ова е втора голема награда за дизајн за XCeed и воопшто целата гама на Ceed, бидејќи претходно овој модел ја доби наградата „iF“, а неодамна и престижната награда „Златен Волан“ (Das Goldene Lenkrad).