Hyundai Tucson 2019 редизајн / ФОТО+ВИДЕО
Hyundai неодамна го рестилизираше компактнот SUV, чија освежена верзија во Европа пристигнува ова лето
Од неговото лансирање во 2015 година, сегашната генерација на Tucson е најпродаваниот Hyundai модел во Европа.
Корејскиот производител неодамна го редизајнираше автомобилот со цел да биде уште поконкурентен на европскиот пазар, со оглед дека во меѓувреме донесе доби конкуренти во Škoda Karoq и Seat Ateca.
Стилските промени не се големи, но се забележливи, пред сè на предната страна на возилото каде што е заменета решетката на ладилникот.
Стандардната опрема, меѓу другото, вклучува 16-инчни алуминиумски тркала, предни светла за магла, интегрирани покажувачи на правец во ретровизорите, автоматски светла, мултимедијален систем со 7-инчен дисплеј, Apple CarPlay и Android Auto функции, задна камера и Bluetooth конекција.
Во средните пакети на опрема на располагање се 17-инчни алуминиумски тркала, шини на покривот, LED стоп светла, автоматски бришачи, автоматски ретровизори, 8-инчен дисплеј, мултимедија, навигација, контрола на крстарење …
Високиот пакет на опрема вклучува алуминиумски тркала од 18 инчи, безконтактно отклучување и стартување на возилото, електронска паркирна кочница, безжично полнење за smartphone, премиум аудио систем…
Во самиот врв на понудата е верзија со LED светла, камери за надгледување на околината на автомобилот, адаптибилен темпомат, панорамски сончев кров, електрично отворање и затворање на задната врата, греење на воланот и функција за лањење на предните седишта.
Hyundai Tucson на европскиот пазар ќе биде достапен со 1.6-литарски GDI и Т-GDi бензински мотор со 132 и 177 КС и 1.6 CRDi дизел мотор во две варијанти – со 115 КС и 136 КС. Покрај нив, во понуда ќе биде и 2.0 CRDi со 48 волтен благ хибриден погон и 186 коњски сили.
Во зависност од моторот, за пренос на моќта ќе се користи 6-степен мануелен менувач, потоа автоматизиран менувач со двојно квачило и седум брзини како и осум-брзински автоматски менувач.