По Audi и Volkswagen, уште неколку други производители го сменија изгледот на нивните логоа

Поради пандемијата на коронавирус, правилото за социјално растојание е веројатно најважната мерка во контролата на ширењето. Групата VW активно се вклучи во промовирање на мерката, а активни се и неколку други.

Додека се чека Kia да го смени своето лого, наводно во насока на помодерно пишување, реагираше Hyundai. Имено, логото покажува ракување на две лица. Бидејќи денес единствено препорачливо ракување е се лактите, Корејците го освежија логото.

Mercedes е исто така активен, испраќајќи порака за социјално дистанцирање со тоа што ја намали ѕвездата во своето лого, сè за да се одвои од прстенот што ја опкружува. 

На крајот сепак треба да напоменеме дека овие промени се само за моменталните активности на социјалните мрежи во духот на моменталните препораки за справување со пандемијата на коронавирус.