Tesla им се придружи на многу светски производители на автомобили кои се вклучија во борбата против пандемијата на коронавирус

Американскиот производител на електрични автомобили во моментов во своите објекти во САД не произведува возила, а инженерите со достапните ресурси работат на конструкција и производство на респиратори за здравствениот систем во таа земја.

Целта е да не се оптовари индустријата за медицинска опрема со преземање на потребните делови за респиратори од неа, туку да се искористи она што веќе го има Tesla за потребите за производство на автомобили.

Во приложеното видео е прикажано како работи уредот што го дизајнирале, а од компанијата велат дека веќе имаат готов прототип за производство. Како монитор за следење на состојбата на пациентот се користи големиот екран на допир од Tesla Model 3.