Hyundai дефинитивно нема да изложува во Женева
Еден месец пред почетокот на авто-салонот во Женева, Hyundai потврди дека нема да ги изложи своите автомобили на овој настан
Веќе и да нема голем европски автомобилски саем, а кој некогаш бил од голема важност за компаниите, да не се соочува со откажувања. Автомобилските компании постепено се свртуваат кон други начини на промоција и презентација на своите нови модели, а од саемите во Женева, Париз или во Франкфурт скоро редовно се откажуваат 5-6 големи светски имиња од автомобилската индустрија.
Како што велат во Hyundai, оваа година компанијата „истражува други, иновативни стратегии за лансирање на нови модели“, наместо традиционално претставување на возилата на саемот во Женева. Сепак, корејскиот производител најави дека ќе биде присутен на следниот голем европски саем на автомобили, оној на есен во Франкфурт.
Покрај Hyundai, оваа година во Женева нема да изложуваат и Volvo, Ford, Jaguar и Land Rover. Некои од овие производители го прескокнуваат саемот поради лошата продажба на одредени пазари, а други затоа што и немаат што ново да понудат во моментот.
Од друга страна, сестринскиот бренд на Hyundai, Kia, доаѓа во Женева. Еден од новитетите на овој производител може да биде новиот кросовер базиран на моделот Ceed. Се шпекулира дека ова возило ќе ја носи ознаката XCeed и ќе биде достапно само во верзија со погон на предните тркала.