Хамилтон во големи проблеми поради јавно истакнување на политичка порака
Шесткратниот светски шампион во Formula 1, Луис Хамилтон може да биде казнет од Меѓународната автомобилска федерација (FIA) за носење на маица со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“ по трката за ГН на Тоскана овој викенд
Портпаролот на FIA за BBC потврди дека истрагата е во тек.
На маицата на Хамилтон беше претставена Бриона Тејлор, која беше застрелана од американската полиција во нејзиниот дом во Кентаки.
Британецот е доста активен во борбата против расизмот во последните месеци и ги натера другите тимови и возачи во Formula 1 да се приклучат на каузата. Сепак, маичката може да биде потенцијално кршење на правилата на FIA за политички коментари, па можна е казна за Хамилтон.