Победник на јубилејната 1000-та трка е Британецот Луис Хамилтон. Во, несвојствено за Кина, прилично досадна трка, Британецот доминантно дојде до својата 75-та победа во кариерата

Веќе на почетокот Хамилтон лесно го помина тимскиот колега Валтери Ботас, кој на крајот заврши како втор за нова еден-два победа на Mercedes – трета во низа од стартот на сезоната.

Место на пиедесталот обезбеди и Себастијан Фетел од Ferrari. Трка за заборав на Ferrari, од која, барем така најавуваа, имаа големи олекувања. Очекуваа да бидат барем толку брзи колку во Бахреин, но во трка тоа не беше така. Трка која ниту Чарлс Леклерк веројатно нема да ја памети по добро. Компромитиран со тимската стратегија на крајот заврши на петтото место зад Макс Верстапен.

Верстпапен го искористи она што му се пружи и заврши како четврти, иако можеше да биде и трет. Неговиот тимски колега Пјер Гасли заврши на шестата позиција со заостанување од речиси една минута. Интересна беше одлуката на тимот на два круга пред крајот во боксот да го повика Гасли. Со новиот сет на гуми, Гасли во последниот круг доби шанса да го извози најбрзиот круг во трката, што овој и го направи. За Гасли бод повеќе кој многу нема да му значи, но на крајот од сезоната кој може многу да влијае во трката за титулата. Како и да е, Французинот по две лоши трки на стартот од сезоната конечно со подобри перформанси.

Конечно добра трка за Даниел Рикардо, а половична за Renault. Доброто возење, Рикардо го круниса со седмото место, додека Нико Хулкенберг поради механички проблем мораше да се откаже.

До бодови стигнаа и Серхио Перез и Кими Раиконен по уште една добра претстава и фантастични претекнувања, особено во борбата со двата болида на Haas. На десеттото место и последно кое носи еден бод, заврши Александар Албон од Toro Rosso, чиј резултат беше уште позначаен заради фактот што трката ја започна од последната стартна позиција. Одличната трка му донесе и признание Возач на денот.

Уште една лоша трка за McLaren. Лошо започна уште од стартот кога Даниел Квајт, прво имаше контакт со Саинц, а потоа сулно го удри и Ландо Норис. Норис некаде при крајот се откажа, а Саинц трката ја заврши на 14-то место.

 

 

Резултати:

 

 

RACE HIGHLIGHTS:

 

 

Изјавија по трката:

 

 

 

 

Следната трка во шампионатот е градската трка во Азербејџан за две недели.

Loading...