До премиерата на новиот Golf има само уште ти дена, но седмицата и понатаму одлично се продава

Ако ова и не е изненадување, моделот кој е на второто место по продажба секако е.

И покрај бројната конкуренција, на второто место според продажбата е еден модел на Dacia. Веројатно претпоставувате, станува збор за SUV моделот на Романците, Duster. Верувале или не, во август од овој модел биле продадени 19.451 единици, што е раст од 10,8% и доволно за второто место во Европа, објави агенцијата JATO Dynamics.

VW Golf со кој се врзуваат голем број на акции специфични за модели во заминување, се продал во 26.411 единици. Споредено со август минатата година, Golf сепак има пад во продажбата и тоа огромен, 23,6%. 

На третото место е уште еден Volkswagen. Станува збор за моделот Т-Roc кој стигнал до 18.262 нови сопственици со раст на продажбата од 27,8%. На четвртото место повторно е модел на Dacia, овој пат Sandero, со продажба од 17.764 примероци. За доминацијата да биде целосна, првата петорка ја заокружува уште еден модел на Volkswagen. Моделот Polo се продал во 16.692 единици, но со пад во продажбата од 21,2%.

Кога станува збор за вкупната продажба по брендови, тука работите за романска компанија и не се толку добри. Со раст од 5,5% и продажба од 51.692 единици, Dacia се наоѓа на 9-то место во ЕУ. Очигледно, на марката и недостасуваат повеќе модели. Работите не се така „бели“ ниту за Renault, кој забележал пад на продажбата од 38,9% или 61.229 единици, доволно само за 4. место. Најголем пад во август забележал Nissan (-47,1%, 23.775 единици), а најголем раст имаат Smart (+ 102%) и Suzuki (+ 40,5%).