Конечно добивме ултра-луксузен крстосувач со зголемен клиренс за оние со најдлабоки џебови

За прв пат беше најавен пред три години, за сега конечно и официјално да биде претставен. Наречен „најочекуваниот SUV модел во светот“, станува збор за првиот Rolls-Royce модел од овој тип. Неговото име е Cullinan, а инспирацијата била пронајдена во најголемиот дијамант што некогаш е пронајден на планетата.

Целна група на клиенти е сосема јасна. Тоа се оние со сметка од повеќе милијарди долари во банка, желни за суперлуксузно суперпремиум возило. Од компанијата велат дека со овој модел првенствено сакаат да привлечат „помлади, финансиски успешни луѓе“, нудејќи им „избрусен SUV дијамант“ во форма на суперпремиум на четири тркала.

Ова е исто така прв Rolls-Royce со задна врата, а решение добило име The Clasp (копче), евоцирајќи на времето кога багажот бил сместен надвор од возилото со цел да се ослободи повеќе простор во салонот на возилото. Се разбира, сè функционира автоматски, со допир на копче, а багажниот простор нуди 560 литри корисен волумен. Со спуштање на задните седишта се добива простор од 1930 литри.

Вистински комфор

Задните седишта се веројатно најудобното место во Cullinan и ќе бидат понудени во две различни конфигурации. Поставката Lounge Seat е пофункционална и нуди простор за тројца патници во традиционалниот формат за задната клупа, со можност за електрично прилагодување на различни конфигурации. Поставката Individual Seat на задните седишта, од друга страна, пак, нуди врвен луксуз со два единечни седишта, поделени со масивна централна конзола, во која е вграден дел за пијалоци со Rolls-Royce чаши за виски, декантер за вино, чаши за шампањ и фрижидер.

Возачкото седиште е подеднакво импресивно. И покрај тоа што на ова место веројатно би седел запослен „возач“, седиштето има функции за вентилација и греење за да обезбеди совршен амбиент. Пред возачот е поставена најновата генерација на дигитални инструменти, додека централната позиција на инструмент-таблата е резервирана за првиот во историјата екран на допир кој се користи од страна на Rolls-Royce. Инфо-забавниот систем, исто така, може да се контролира преку познатиот „ Spirit of Ecstasy“ контролер на централниот гребен.

Технологија

Во овој модел е присутна цела една низа на напредни технологии и системи за помош кои Cullinan го прават веројатно „технолошки најнапреден автомобил во светот од ваков вид“. Стандардната опрема вклучува систем за „ноќно гледање“, како и систем за покривање на просторот околу возилото со четири камери кои обезбедуваат панорамски поглед, поглед од „птичја перспектива“ или 360 степени покривање на просорот околу возилото. Тука се и системите за предупредување од фронтален судир, цик-цак сообраќај зад возилото, несакан излез од возната лента и слично, со WiFi пристапната точка. Пет USB порти може да се користат за полнење мобилни уреди, а безжично полнење е овозможено во предниот дел од салонот.

Архитектура

Првиот Rolls-Royce SUV е базиран на таканаречена „Луксузна архитектура“, односно алуминиумска платформа која исто е основа за Phantom. Создадена како целосно ново решение, таа користи компоненти реконфигурирани во тридимензионалната шасија, која би требало да се обезбеди „исклучителна крутост на каросеријата за најдобри во својата класа функционални перформанси“.

Саморегулирачкото воздушно потпирање, кое е целосно ревидираната верзија на постојното решение на компанија, е способно да направи милиони пресметки во секунда, со цел приспособување на површината на возење. Робусните гасни амортизери со поголем воздушен волумен се вградени за да ги ублажат ударите при возење надвор од патот, додека суспензијата на предната оска е целосно редизајнирана. Cullinan се потпира на 22-инчни тркала.

Моторизација

Моќноста доаѓа од добро познатиот, 6,75 литарски битурбо V12 мотор на компанијата, кој исто така е ревидиран за да испорачува „вистинска количина на вртежен момент“ од 850 Nm и тоа веќе при 1600 вртежи во минута. Максималната моќност е 570 „коњи“, и се канализира до сите четири точки преку интегрален погон со функција за управување на сите четири тркала.

Максималната брзина на овој 2.660 килограми тежок SUV е електронски ограничена на 250 km/h. Податоците за забрзувањето до 100 km/h не се познати. Кога станува збор за потрошувачката на гориво, таа е дури и изненадувачки ниска – во просек 15 литри бензин на 100 километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1TcxWQwyXja1ucXXuvLDNYyetKGopsMsH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во Rolls-Royce се убедени дека Cullinan нема да се експлоатира исклучиво на асфалт. Велат, ова е средство за (богати) авантуристи.

Очекуваната почетна цена е 250.000 фунти, што го прави овој модел најскапиот SUV во светот.