По тешките квалификации и дождливите тренинзи, трката во Силверстоун се возеше во нормални услови и покрај постојаната закана од темни облаци

Пред трката, Себастијан Фетел го прослави својот роденден возејќи го неговиот Williams од 1992 година, кој своевремено го има возено и Најџел Менсел. Сепак главни ѕвезди за локалните навивачи се Луис Хамилтон, Ландо Норис и Џорџ Расел.

Карлос Саинз не успеа веднаш да ја искористи својата прва стартна позиција во кариерата и падна на второто место зад Макс Верстапен. На стартот потфрли и второто Ferrari, па така Луис Хамилтон стигна до третото место покрај Шарл Леклер. Лош старт и за Серхио Перез кој загуби две позиции. Но зад нив беше доста жестоко…

Тежок инцидент уште на самиот старт во кој Гуају Жу за среќа остана неповреден, откако беше катапултиран надвор од патеката. Жу се преврте неколку пати и на крајот остана заглавен помеѓу оградата и заштитните бариери покрај патеката. Инцидентот се случи откако возачот на Alfa Tauri, Пјер Гасли, удри во Џорџ Расел, а тој го закачи Кинезот, кој не можеше да запре. На патеката веднаш беше истакнато црвено знаме, а трката продолжи дури по пауза од помалку од еден час.

Во Mercedes се обидоа да го вратат болидот на Џорџ Расел во трката, но тоа не им беше дозволено. Повторениот (од место) старт на трката, беше направен со стартните позиции од квалификациите бидејќи црвеното знаме настапи пред сите возачи да ја поминат втората линија за безбедносно возило, односно: Саинц, Верстапен, Леклерк, Перез, Хамилтон, Норис, Алонсо, Латифи, Гасли, Ботас, Цунода, Рикиардо, Окон, Магнусен, Фетел, Шумахер, Строл.

Тоа беше нова можност за Саинз да ја одбрани првата позиција од квалификациите која овој пат иако тешко, успева. Леклерк и Перез имаа контакт по кој и двајцата имаа оштетени крила, а дуелот меѓу Леклер и Верстапен во следниот агол беше разгледуван од судиите (на крајот без санкции). За жал, Хамилтон не успеа да го повтори одличниот старт и падна на шестото место. Сепак набрзо се врати на петтото место по одењето на Серхио Перез во бокс, а потоа и на четвртото место откако го мина Ландо Норис.

По осум круга од трката, Макс му се приближи на Саинц до DRS зоната, Леклерк беше две секунди зад нив, а Хамилтон тоа веќе тешко го следеше со повеќе од 5 секунди заостанување на четвртото место. За жал, Саинц во комплексот Maggots/Becketts накратко го губи задниот дел и Вертапен без проблеми го презема водството во трката. Саинц набрзо падна и под притисок на тимскиот колега. Зад нив, глупави потези на дуото Alpha Tauri, по кои се извртеа на патеката поради меѓусебен контакт.

Но, наскоро следеше нова промена на врвот, Макс има напукнување на гума и мораше да влезе во бокс за промена по што падна на шестото место. Но тоа не беше крајот за проблемите на Макс. Тој го информира тимот дека болидот дефинитивно не е исправен, а тимот открива дека некои делови од задниот дел на болидот недостасуваат, но дека ништо не е критично и дека може да продолжи да вози.

Дуото на Ferrari продолжува да ja предводи трката со блиско возење, а Луис Хамилтон ги ниже најбрзите кругови и полека се доближува до црвеното дуо. Следеа стресни пораки до Карлос Саинз дека е потребно да го забрза темпото. Леклер зад него со оштетен болид возеше побрзо од Шпанецот, а во 20-от круг Хамилтон ја намали разликата на помалку од 3,5 секунди. Сепак, неволјите на Саинз завршуваат во 21-от круг кога беше повикан во боксот на промена на гумите. Добива тврда компонента на пневматиците за да не мора повеќе да влегува во бокс. Во трката се врати на третото место пред Ландо Норис.

Ботас за жал во 21-от круг поради проблеми со болидот мораше да се откаже. Гледајќи го темпото на Макс Верстапен, на 30 круга до крајот, дефинитивно беше јасно дека со неговиот болид нешто не е во ред. Еден круг подоцна, Макс повторно влегува во боксот овој пат по тврдата компонента на гумите и повторно го известува тимот дека нема грип. Луис Хамилтон се приближи до Леклер на само 1,2 секунди заостанување, Леклерк сепак влегува во боксот, но оштетеното предно крило не го менуваат, а на патеката се враќа зад Карлос Саинц на третото место. Во 26-от круг водството во трката го презема Луис Хамилтон.

Во 28-от круг од трката се откажа и Пјер Гасли, кој влезе во боксот и го запре болидот. Дуото на Ferrari повторно возеше блиску еден до друг внатре во DRS зоната, а во меѓувреме Хамилтон вози добро на чело од трката со цел создавање на предност за евентуално враќање на патеката на првото место по промената на гумите која му следеше. На Саинц од тимот му јавуваат дека мора да вози време на круг од околу 1:32, во спротивно ќе мора да го отстапи своето место на тимскиот колега Леклерк. Веќе еден круг подоцна, Леклер оди напред и го презема водството. Во 34-от круг Хамилтон влегува во боксот и се враќа зад двоецот на Ferrari. Тоа беше лошо изведен пит-стоп за тимот на Mercedes, но Луис се уште има 10 круга посвежи гуми од дуото на Ferrari.  

Во 35-от круг Окон има проблеми и го запира болидот на патеката. Безбедносното возило излегува на патеката, а Саинц и Хамилтон влегуваат во боксот по најмеката компонента на гумите.

Безбедносното возило патеката ја напушта во 42-от круг, на 10 круга до крајот, а еден од оние кој најмногу профитираа од ситуацијата беше Серхио Перез, кој од четвртата позиција на свежи гуми има реални шанси за подиум. Двоецот на Ferrari веднаш солидно се одлепи, а Хамилтон не успеа да го задржи Перез зад себе. Саинц влегува во директна борба со Леклер и го презема водството! Леклер полека паѓа со темпото, а успорувањето им дава нови можности на Перез и Хамилтон. На 5-то место е Алонсо, пред Ландо Норис.

Саинц се одлепи од останатите и веќе беше прилично сигурно дека трката ќе ја заврши триумфално, Затоа беше многу интересно во борбата за второто место. На крајот од 46-от битката помеѓу Перез и Леклер ја користи Луис Хамилтон и ги минува двајцата. Сепак, Леклерк и Перез набрзо се враќаат на претходните позиции, а Хамилтон паѓа на 4-то место. Но Хамилтон не се предава и во 49-круг го минува Леклер, кој на крајот од трката мораше да брани и од нападите на Фернандо Алонсо.

На крајот прва победа за Карлос Саинц, подиум за Перез и Хамилтон, но и први поени за Мик Шумахер!

Следна е трката за ГН на Австрија веќе следниот викенд.

2022 British Grand Prix: Резултати

2022 British Grand Prix: Race Highlights

2022 British Grand Prix: Изјави по трката

Карлос Саинц

„Не знам што да кажам. Прва победа по 150 трки и тоа во Ferrari на Силверстоун. Не можев да барам повеќе од ова. Посебен ден и викенд за мене кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам на сите за поддршката. Луис денеска беше во одлична форма, но успеавме да издржиме и јас сум пресреќен. Не беше лесно на првиот сет на гуми. Имав проблеми со балансот и морав многу да притискам. Предната лева гума почна да се распаѓа поради тоа, но јас продолжив да верувам. На крајот одеднаш се појави безбедносното возило и тоа ми даде нова можност и успеавме“, изјави Саинц по трката.

Серхио Перез

„Убаво се вратив на крајот. Не се откажував и на крајот се појави можност. Имав голема борба со Чарлс и Луис. Тоа беа епски кругови. На почетокот на трката, едноставно се најдов во сендвич меѓу Макс и Чарлс. Немаше простор и го оштетив предното крило, поради што морав во бокс. Паднав во поредокот, но успеав да се вратам“, изјави Перез.

Луис Хамилтон

„Дадов се од себе. Се обидував да ги стигна двата Ferrari болиди и секоја чест на Карлос. Сепак, тие беа пребрзи за нас. На крајот имав дуел со Чеко, но тој беше пребрз на правците и не можев повеќе. Тимот работеше напорно за да донесе нови делови на оваа патека. На чекор сме до лидерите и мораме да продолжиме да работиме добро“, изјави Хамилтон.

sun win

game sunwin

tải sunwin apk sunwin apk game sunwin

sun win

sunwin