Почнувајќи од 1-ви јули, секој нов модел одобрен за сообраќај во Европската унија мора да биде опремен со системот Intelligent Speed ​​​​Assistent (ISA), односно автоматски ограничувач на брзината

Европскиот совет за безбедност во сообраќајот (ETSC) заедно со производителите на автомобили пред извесно време ги утврдија техничките стандарди на новиот задолжителен систем кој мора да биде вклучен во секој нов автомобил хомологиран во Европската унија од јули 2022 година.

Моделите кои се претходно пристигнати на пазарот не мора да го имаат ова решение до средината на 2024. По тој датум, секој нов автомобил што се продава во европските салони од секоја марка мора да бидре опремен со овој систем.

Што е всушност ISA?

Станува збор за решение кое врз основа на отчитувањата од камерата и GPS локацијата, автоматски ја ограничува максималната брзина со која може да се движи автомобилот, приспособувајќи ја на прописите кои важат за одредено место. Според Европскиот совет за безбедност на патиштата, воведувањето на оваа функција ќе го намали бројот на судири и несреќи за 30 отсто во рок од 15 години и ќе спаси 25.000 животи.

Основната верзија на системот ISA мора да може да го прочита моменталното ограничување на брзината кое е на сила на одреден пат и да го информира возачот со звучен сигнал дека го надминува.

Понапредните верзии би требало дури и да ја намалат моќноста на моторот откако ќе се достигне ограничувањето на брзината на одредена делница.

Сепак, како што е наведено, возачот мора да може рачно да го деактивира ISA системот целосно или делумно.

Прописите ќе овозможат и опција, на пример, да се игнорираат известувањата од овој систем или да се „прифаќа“ пребрзото возење. Во вториот случај, мора да има достапна опција, на пример, да кликнете „сè е добро“ што го оневозможува известувањето во која било форма.

Системот ќе се активира секогаш кога ќе се запали моторот

Тоа значи дека некои возачи ќе мора да преземат уште една акција пред да тргнат – да го деактивираат ограничувачот на брзината во мултимедијалниот систем, барем додека тоа е можно. Треба да се очекува дека таквите системи во блиска иднина не ќе можат да се исклучат.

До средината на 2024 година, производителите ќе собираат податоци за работата на системот за да ја потврдат неговата практична вредност. Овие податоци ќе овозможат да се провери колку добро функционира системот, како се справува, на пример, со „работа на патот“, нешто што не може да се вклучи во навигацијата или со нови патишта кои сè уште не се внесени во дигиталните карти.

Се разбира, сите податоци мора да бидат анонимни за да не може да се поврзат со одредено возило и неговиот сопственик.