Временската прогноза за тркачкиот викенд во Белгија беше без грешка, па така по саботните долги и врнежливи квалификации слична и полоша ситуација имавме и на неделната трка во Спа-Франкошамп

Победата ја однесе Макс Верстапен од Red Bull. Сите освојувачи на поени добија половина од можните поени бидејќи трката не беше завршена со доволен број на кругови (најмалку 75%).

На казнетите од Унгарија, Валтери Ботас и Ленс Строл им се придружи Ландо Норис по саботниот тежок во рамките на третата квалификациска сесија. На неговиот болид требаше да се замени управувачката кутија, па и тој доби казна од 5 места на стартот од трката. Серхио Перез сам си ја нанесе најголемата казна, откако во кругот за загревање излета и се заби во заштитниот ѕид. 

По многу одложувања поради дождот, болидот на Перез успеа да се врати во боксот и механичарите почнаа брзо да работат на поправка на предната суспензија. До 16:35 часот успеаја да завршат фантастична работа и Чеко беше подготвен да ја започне трката од бокс.

Стартот на трката сепак беше одложен за 15:25 часот, а механичарите и персоналот се вратија до болидите. Во Alfa Romeo се решија за старт од боксот откако на болидот на Кими Раиконен беше заменето задното крило. Поради временските услови, формацискиот круг се возеше зад безбедносното возило, а сите возачи тргнаа со гуми за целосно влажни услови.

По формацискиот круг, стјуардите се решија за црвено знаме, а болидите влегоа во боксот и се наредија кон излезот од боксовите. Сите, освен Макс, претежно известуваа дека условите се прилично лоши. Се разбира, за Макс би било полесно бидејќи пред него нема никој кој би му фрлал водена прашина и би му ја намалувал видливоста.

Во 17:00 часот судиите го прекинаа официјалниот тек на времето за да спречат истекување на 3 часа предвидени за завршување на трката. Така се обидоа да „протуркаат“ барем еден час трка. Продолжението на трката беше најавено за 18:17 часот, кога болидите навистина излегоа на патеката и возеа зад безбедносното возило.

По извозени два цели круга зад безбедносното возило, временските услови едноставно наложија ново црвено знаме, а болидите повторно влегоа во боксовите. Во тој момент за завршување на трката остануваа уште 49 минути, а возачите редум велет дека условите се уште полоши отколку пред два часа. Со овој статус на трката, класификацијата може да се земе како официјална и освоените бодови се преполовуваат. Трката на крајот беше класифицирана како сесија со 39 круга, иако првично требаше да биде со 44, но секое одложување на стартот го намалуваше бројот на кругови. Во 18:45 часот конечно падна и официјалната одлука за откажување на трката.

2021 Belgian Grand Prix / РЕЗУЛТАТИ

2021 Belgian Grand Prix / HIGHLIGHTS

2021 Belgian Grand Prix / ИЗЈАВИ ПО ТРКАТА

Макс Верстапен

„Голема штета е да не се одработат предвидените кругови, но условите беа многу тешки. Мислам дека условите беа попристојни околу 15:30 часот, но видливоста сепак беше многу лоша. Како и да е, во 15:00 часот се уште имаше најголеми шанси да се вози“.

„Потоа стана многу влажно и постојано врнеше. Да, ова е победа, но не како што сакате да победувате. Големи заслуги одат за сите фанови на патеката кои останаа тука и покрај се. Цел ден под дожд и студени и ветровити услови, мислам дека тие се поголемите победници денес“, изјави Макс Верстапен.

Резултатот во Белгија ја означи шестата победа на Верстапен во сезоната 2021 година и со тоа го намали водството на Луис Хамилтон на три поени, добиајќи 12,5 поени за победата.

Верстапен следната недела ќе ја вози трката на домашниот Зандворт и ќе се обиде да го врати водството на шампионатот.

„Мораме да продолжиме да се движиме напред и да се „стискаме“, само напред. Имаме уште неколку трки за тоа. Убеден сум дека имаме добар болид, само треба да продолжиме да се обидуваме да постигнеме подобри перформанси“, дополни Верстапен.

Џорџ Расел

Возачот на Williams стигна до првиот подиум во кариерата благодарение на саботните квалификации.

„Не ми е важно што заврши вака. Ретко кога сте наградени вака за одличен квалификациски циклус. Како прво, сакам да им се извинам на навивачите и да им се заблагодарам што останаа тука за да не поддржат до самиот крај. Сите бевме во иста ситуација. Голема штета е што не можевме да се тркаме, но за тимот ова е фантастичен резултат. Веројатно вечерва ќе славиме малку, а дефинитивно целиот тим го заслужува ова. Вложено е многу напор во последните неколку години, но не бевме наградени за тоа. Вчера направивме се како што треба и затоа сме на подиумот. Навистина не очекував резултат како овој оваа сезона“, изјави возбудениот Расел.

Луис Хамилтон

Британецот вели дека официјалните лица знаеле дека патеката не е погодна за трки во секое време, дури и кога возеле кругови зад безбедносното возило.

„Навистина ми е жал за публиката, но ова не е вина на никој. Имавме страшно време, а публиката беше фантастична. Тие останаа постојано на трибините и сите заедно се надевавме на потенцијална трка. Судиите на крајот знаеја кога не испратија на патеката дека условите не се подобри. Тоа го направија само за да можеме да возиме два круга зад безбедносното возило, што е минимум за трка. Се надевам дека публиката ќе биде рефундирана “.

 

„Едноставно не можеше да се види ништо пред себе на патеката. Автомобилот напред брзо исчезнуваше во водената магла и ниту сигналната сијаличка не беше видлива. Не смеете да давате полн гас затоа што не знаете кој е како позициониран и каде се наоѓате. Штета е затоа што сакавме трка. Мислам дека можеше да биде одлична трка ако немаше толку многу дожд“, изјави Хамилтон по трката.