Поради тркачки инциденти, трката која побуди рекорден интерес од публиката беше прекината неколку пати

Трета трка во календарот и нова победа за Макс Верстапен. Луис Хамилтон беше втор, а Фернандо Алонсо трет.

Трката беше многу динамична со еден куп инциденти, поради што и беше прекинувана неколку пати.

Уште во третата кривина, по контакт со болидот на Ленс Строл, Шарл Леклер излета од патеката по кој веќе немаше враќање назад. На патеката се појави безбедносно возило.

Набргу потоа  во седмиот круг Александер Албон удира во заштитна ограда и ја завршува трката, но поради позицијата на болидот и премногу остатоци на патеката како и песок, контролорите на трката се решаваат за црвено знаме и привремено прекинување на трката. 

Верстапен по лошиот старт и губење на стартната позиција, веќе во 12. круг успева да ја исправи грешката и лесно со пробива на чело на колоната пред Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо. 

нов инцидент во 18. круг кога моторот на Џорџ Расел буквално се запали, што значеше и крај на Австралиското ГП за младиот Британец кој одлично ја започна трката.

Во 53. круг повторно инцидент и ново црвено знаме за прекин на трката заради расчистување на остатоците од болидот на Кевин Магнусен, чија задна десна гума се откачи од болидот по блиска средба со еден од заштитните зидови на патеката.

Но наместо мирно завршување на трката, нова серија на инциденти по рестартот на трката. На излезот од првиот свиок Гасли излетува од од патеката, а Саинц го поминува Фернандо Алонсо, по што возачот на Aston Martin излетува во тревникот во патеката. Само неколку секунди подоцна, судир и помеѓу двајцата возачи на Alpine, за нов прекин на трката.

Со оглед дека до крајот остануваа два круга, трката беше решено да заврши со црвено знаме, но тогаш почна дискусијата за конечниот пласман и дали да се бројат позициите пред или по рестартот со оглед дека до прекинот не беше извозен цел круг.

По задоцнување од околу половина час, трката беше повторно рестартирана со редослед на возачите како пред последниот рестарт, но возачите беа придружувани со безбедносно возило речиси до целта. По последниот свиок, Луис Хамилтон стисна на гаста и се обиде да го претекне Верстапен, но не му успеа.

Во рангирањето на возачите води Макс Верстапен – 69 бодови, а потоа следуваат Серхио Перез (54 бода), Фернандо Алонсо (45), Луис Хамилтон (38)…
 

РЕЗУЛТАТИ

 

2023 Australian Grand Prix / Резултати


2023 Australian Grand Prix / Race Highlights

 

ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА

 

 
Макс Верстапен
 

„Имав многу лош старт и бев многу внимателен на почетокот. Сакав да победам и видовме дека болидот има одлично темпо, но црвените знамиња нарушија се. Јас навистина не разбирам. Првиот прекин можеби беше оправдан, другото не го разбирам. Сепак, успеавме да преживееме и победивме, што на крајот е најважно. Дуелот со Луис на почетокот беше остар. Имаше контакт и мислам дека правилата јасно дефинираат што може да се направи при претекнување од надвор. Мислам дека не беа почитувани во овој случај, но дефинитивно бевме побрзи и на крајот ги минавме“, изјави Верстапен.

 

 
Луис Хамилтон
 

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите во Австралија за најдобриот ден оваа недела. Немавме среќа со Џорџ денес, но нашата сигурност беше доста добра, а ова е навистина несреќен случај. Не очекував да бидам втор и навистина сум благодарен за ова. Сеуште не сум задоволен од болидот, како да не сум поврзан со неа, возам најдобро што можам иако ја немам таа врска со болидот. Мислам дека тоа е долг проект. За нас е неверојатно што успеавме да се бориме со Aston Martin во овој период од сезоната и ќе продолжиме да се бориме. Благодарност и до луѓето во нашата фабрика“.

 

 
Фернандо Алонсо
 

„Ова беше ролеркостер од емоции денес, бидејќи се и сешто се случуваше од почетокот, особено во последните половина час кога беше тешко да се разбере што се случува. Самата трка беше добра за нас во однос на темпото, Mercedes беше многу брз, Луис заврши неверојатна работа и јас не можев да го следам неговото темпо, но ние ќе го заземеме третото место. Ни помогна првото црвено знаме, бидејќи Џорџ и Карлос отидоа да менуваат гуми и добивме две места бесплатно. Тоа не беше случај со второто, но имавме среќа и го дочекавме карираното знаме на третото место. Третата и четвртата позиција означуваат неверојатна недела за нас“, изјави Алонсо веднаш по трката.