Во октомври 2020 година, General Motors го претстави новиот Hummer EV, електричен пик-ап во понуда од брендот GMC, додека неговата SUV верзија е дури сега пред нас, иако, треба да се знае, производството ќе започне дури на почетокот од 2023 година

Возилото е изградено на платформата GM Ultium, а тука е и инфо-забавниот систем со екран од 13,4 инчи, дигиталната инструмент табла од 12,3 инчи, полуавтономниот систем за возење Super Cruise …

На почетокот на 2023 година, на купувачите ќе им биде достапна верзијата Edition 1, по цена од 105.595 долари. За дополнителни 5.000 долари, ќе биде достапен пакетот Extreme Off-Road, вклучувајќи 18-инчни тркала, 35-инчни гуми за возење надвор од патот, дополнителна заштита и UltraVision систем на камери кој ја прикажува сликата под возилото.

Верзијата Edition 1 има три електромотори со 619 kW / 842 ks, а забрзува од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за околу 3,5 секунди. Автономијата со едно полнење на батеријата е 483+ км или 451+ км со пакетот Extreme Off-Road.

Во пролетта 2023 година, ќе пристигнат и верзии 2X и 3X. Варијантата 3X има 842 КС, како и верзијата Edition 1, но има помалку опрема и чини 99.995 американски долари.

Верзијата 2X ќе чини 89.995 долари и ќе доаѓа со два електромотори со 466 kW / 634 КС, а со едно полнење ќе може да помине 483+ километри.

Конечно, во пролетта 2024 година, ќе може да се добие базната верзијата, по цена од 79.995 долари. Тука имаме два електромотори, со 466 kW / 634 КС, како и батерии со помал капацитет и автономија од 402+ километри (батерии со поголем капацитет и автономија од 483+ км ќе бидат достапни со дополнителен трошок).

Исто така, треба да се спомене дека верзиите 2X, 3X и Edition 1 опционално имаат и погон на сите тркала.