Електричниот седан доаѓа во две верзии на моќност – со 331 и 524 КС

Електричниот Mercedes-Benz EQS ќе биде вклучен во гамата на S-класата, но ќе биде засебен модел. Продажбата на седанот ќе започне во август, а клиентите ќе можат да изберат помеѓу две опции – EQS 450+ и EQS 580 4Matic+, вели производителот.

Во зависност од верзијата, EQS ќе биде опремен со еден или два електрични модули eATS (електромотор Bosch со внатрешно ладење, фиксен редуктор и електронски систем), кои работат со батерија од 400 волти. Нејзиниот капацитет е 90 или 107,8 kW/h.

Моќноста на EQS 450+ со еден мотор на задната оска и помалата батерија ќе биде 331 КС и 568 Nm вртежен момент. На секои 100 поминати километри, оваа машина троши помеѓу 16 и 19,1 kWh електрична енергија, што е споредливо со потрошувачката на Tesla Model S.

Верзијата со погон на четири тркала EQS 580 4Matic + добива дополнителен модел eATS и функција Torque Shift, која ја контролира количината на вртежен момент на секоја оска 10.000 пати во минута. Моќноста на овој електричен автомобил е 524 КС и 855 Nm, и со едно полнење ќе може да поминува до 770 километри по WLTP, трошејќи 16,9-20 kW/h на 100 km.

Оваа импресивна бројка се должи на нискиот коефициент на отпорност на воздухот – 0,20 и системот за рекуперација со 3 нивоа на моќност. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај оваа верзија трае 5 секунди, а максималната брзина во обете варијанти – со еден и два електромотори е иста – 210 km/h.