Главоболки за Hyundai: главниот дизајнер Лук Донкерволке поднесе оставка
Познатиот белгиски дизајнер на автомобили беше одговорен за изгледот на моделите на брендовите Hyundai, Kia и Genesis
Според известувањето за медиумите, Лук Донкерволке се повлекол од функцијата прв дизајнер на корејската автомобилска група од „лични причини“, а AutoNews пренесува дека неговата оставка стапила на сила во среда, 29 април.
„Чест и привилегија беше да се придонесе во обликувањето на иднината на брендовите Hyundai, Kia и Genesis“, напишал Донкерволке на својата оставка.
Донкерволке во Hyundai пристигна во 2015 година од групата Volkswagen. Меѓу останатит, неговиот потпис стои на модели како Kona и Palisades, а во многу помогнал и во обликувањето на автомобилите од премиоум брендот Genesis, G80 и G90, како и SUV моделот GV80.
AutoNews тврди дека Hyundai засега нема да назначи нов шеф на дизајн за целата група, а дизајнирањето на моделите на брендовите Hyundai и Genesis ќе остане во рацете на Санг Јуп Ли, додека брендот Kia ќе продолжи да го води Карим Хабиб, кој во Kia e од 2019 година.
Кариерата на Лук Донкерволке започнува во Peugeot во 1990 година, а две години подоцна се префрлува во групата Volkswagen. Работел и на модели како Audi A4 Avant, тркачкиот Audi R8 Le Mans, како и Lamborghini Diablo VT, Murcielago и Gallardo. Овој 55-годишник стои зад дизајнот и на четвртата генерација на Seat Ibiza, но и луксузниот Bentley Flying Spur.