Автомобилските гиганти Daimler, Volkswagen и BMW веќе го стопираа производството на автомобили

Германската влада побара од авто-компаниите во таа земја да се преориентираат на производство на неопходна медицинска опрема, како што се респиратори и маски, за да и помогнат на земјата во борбата против епидемијата на коронавирус

Големите производители на автомобили од Германија веќе ги запреа фабричките ленти за изработка на возила, но досега никој од нив не потврдил дека ќе произведува медицинска опрема наместо автомобили.

„Одлуката зависи од самите компании“, вели германскиот министер за економија за Bloomberg News. „Секој производител ќе треба да одлучи независно дали да произведува медицинска опрема во својата фабрика“.