Од Volkswagen соопштија дека ги разбираат гневот предизвикан од рекламата и дека некој сигурно ќе ги сноси последици за тоа

Во историјата на реклами за Volkswagen, има неколку кои се наоѓаат на „листата за сеќавање“, а сега во неа се впиша уште една. Имено, германскиот автомобилски гигант беше принуден да се извини за рекламата за новиот Golf во која човек со темна боја на кожата гледа нов жолт автомобил, а потоа бела рака „го подигнува и го трга на страна“.

Рекламата е окарактеризирана како расистичка, а некои од оние кој ја погледнале забележале дека продавницата во позадината е наречена „Petit Colon“ (Мал колонијалист). Набргу откако рекламата во траење од 10 секунди се појави на социјалните мрежи, корисниците ја преплавија компанијата со лути коментари.

Volkswagen потоа соопшти дека го разбира гневот предизвикан од рекламата и дека некој сигурно ќе сноси последиците за тоа.

„Видеото без сомнение, е несоодветно и невкусно. Ние ќе испитаме како се случи вакво нешто и некој сигурно ќе сноси последици“, порачаа од Волфсбург.

Дополнително, германскиот гигант многумина го потсетуваат дека е основан за време на нацистичкиот режим за производство на „народни автомобили“. Сепак, компанијата посочува дека заради таквата историја, тие секогаш се обидуваат да се борат против сите форми на расизам, ксенофобија и дискриминација.

Loading...