За купување на електричен автомобил, Германија планира зголемување на субвенциите од 50% или до 6.000 евра по автомобил

Германската влада до 2030 година на своите патишта сака да има 10 милиони електрични возила, пренесува Reuters, како дел од стратегијата за зајакнување на сопствената автомобилска индустрија во однос на САД и Кина.

Претходно оваа недела, Volkswagen започна со производство на електричниот хечбек ID.3, кој, без државни субвенции, ќе чини од 30.000 евра па нагоре.

Според аналитичарите на Evercore ISI, ревидираните стимулации на домашниот пазар ќе ја намалат цената на овој автомобил на околу 24.000 до 25.000 евра.

Од Volkswagen соопштија дека фабриката во Цвикау од следната година ќе произведува 100.000 електрични возила, со зголемувања на 330,000 до 2021 година на годишно ниво. Досега, барем според официјалните податоци, за новиот електричен ID.3 интерес изразиле повеќе од 35.000 клиенти.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија ќе инвестира 3,5 милијарди евра во изградба на инфраструктура за полнење на електричните автомобили до 2035 година, ветувајќи еден милион станици за полнење до 2030 година.

Германија моментно е втор по големина пазар на електрични автомобили во Европа, зад Норвешка, со скоро 53.000 електрични автомобили продадени оваа годинава.

Новите субвенциите се очекува да стапат на сила овој месец и да останат активни до 2025 година.